Правила на форумот

    Share
    Admin
    Admin
    Admin

    Број на мислења : 3
    Registration date : 2009-02-04

    Правила на форумот

    Пишување  Admin on Чет Фед 05, 2009 2:10 am

    Форумот на Кумановскиот Астрономски Клуб Кокино е замислен како виртуелен клуб на љубители на астрономијата. Целта е да се подобри комуникацијата и кординацијата на самиот астрономски клуб, а исто така и членовите преку меѓусебна интеракција да научат повеќе за астрономијата и во исто време да го прошират својот круг на пријателства, и воопшто подобро да го осознаат светот. Притоа со цел да се зачува динамичност и транспарентоста на форумот ве молиме придржувајте се до следните правила.

    Важно: Сликата која е користена за изработка на логото на нашиот клуб е дело на фотографот Љупло Илиевски. Посетете го неговиот сајт:http://ljupcoilievski.mk/

    За да може да се вклучите во дискусијата на форумот ве молиме првин регистрирајте се!

    Правила на форумот

    Пораките на форумот претставуваат ставови и мислења на авторите, а не на сопствениците на овој форум или администраторите. 365.com.mk не одговара за содржините на пораките или ставовите изнесени во нив. Сите пораки се сопственост на авторите.

    Пораките кои содржат навреди, закани, вулгарности (иако вулгарни изрази во одредена смисла не се против строгите правила на форумот, Ве молиме да ги користите умерено), порнографија, отворени клевети или повикување на насилство, како и сите пораки кои администраторите ги сметаат за непристојни, ќе бидат избришани. Ова ги вклучува (но не се ограничува) сите облици на национална, расна, верска, сексуална или било каква омраза.

    Не е дозволено повторно отворање на теми(topics) кои се веќе отстранети или затворени од модераторите.

    Пред да напишете пост, проверете дали темата (или слична на неа) е претходно дискутирана на форумот. Користете ја опцијата за пребарување. Воедно, одберете наслов кој најдобро ќе ја опише темата за која би сакале да дискутирате.

    Ве молиме да се придржувате до содржината на темата. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока можат да бидат избришани или префрлени во друга тема.

    Потрудете се вашите постови да бидат рационални и обмислени. Постови и топици кои од модераторите се проценети како неадекватни ќе бидат избришани, а на членовите кои често ги испраќаат ќе им биде одземен налогот.

    Не е дозволено никакво пропагирање, вклучувајќи политичко, религиозно и комерцијално.

    Користете свои зборови. Ако сакате да ги користите зборовите на некој друг, тогаш цитирајте ја личноста со наводници. Плагијатот не е етички и воедно е кривичен прекршок во многу земји.

    Не линкувајте до сајт кој има сексуално ориентирана содржина или пак содржина која може да се смета за непристојна. Секој пост со непристоен линк ќе биде избришан, а на членот што го напишал ќе му биде изречено предупредување.

    Членовите на форумот можат меѓусебно да комуницираат преку приватни пораки. Ве молиме да ја почитувате приватноста на останатите членови и да не испраќате приватни пораки, освен ако навистина не е потребно.

    Не е дозволено користење на повеќе од едно корисничко име(налог). Домејн имиња во налогот не се дозволени.

    Не е дозволено користење на материјали кои се заштитени со авторски права.

    Во коментарите не е дозволена употреба на: (CAPS), гломазни фонтови, JavaScript, табели, посебни header-и или слични HTML содржини.

    Одговарајте разумно на коментарите и бидете пристојни во секое време. Конструктивната критика е добредојдена, но навреди упатени кон другите членови на форумот нема да бидат толерирани.

    Не е дозволено користење на големи, долги и навредливи потписи, односно потписи во боја. Потписи со слика истотака не се дозволени.

    Ви препорачуваме да не оставате лични информации за себе (број на телефон, адреса и сл.). Истотака, не оставајте податоци за останатите корисници на форумот. Ве молиме да не шпекулирате и околу идентитетот на другите членови.

    Корисници од други држави се добредојдени. Можете да користите било кој јазик, но не очекувајте дека сите ќе ве разберат.

    Ова е двојазичен форум, имено официјални јазици се Кумановскиот и МакедонскиотSmile, а препорачливо е да пишувате со македонска подршка поради естетскот изглед на сајтот.

    Ако чувствувате дека некој од постовите ги прекршува овие правила, пријавете го тоа кај модераторите и администраторите.

    Уживајте во престојот на форумот.
    од Админот

    Важно: Дел од правилникот е копиран од Правилникот на форумот на страната 365.com.mk, сепак форумските правни норми се консензуално исти. Наскоро се надеваме дека тимот на овој форум ке развие свој правен систем Very Happy

      Сега е точно Сре Јан 23, 2019 10:21 am