сега пази комета

    Share
    Smajli
    Smajli

    Број на мислења : 63
    Age : 28
    Местолокација : дома :)
    Registration date : 2009-02-07

    сега пази комета

    Пишување  Smajli on Вто Фед 17, 2009 6:36 pm

    Невидливи комети - закана за Земјата


    Од три илјади комети во нашата галаксии, идентификувани се 25


    Кометите од чија површина испарила водата, поради што рефлектираат значително помалку светлина и на тој начин ги избегнуваат радарите на Земјата, би можеле да претставуваат закана за нашата планета, тврдат научниците.

    Од три илјади комети во нашата галаксии, идентификувани се само 25.

    Повеќето комети и астероиди што се засега познати, внимателно се набљудуваат со радари во случај да почнат да се приближуваат до Земјата, но многу од патувачките небески тела се уште се надвор од дометот поради својата структура, се вели во списанието „Њу Сајентист.“

    Кога водата ќе испари од површината, тие одбиваат помалку светлина, поради што потешко се откриваат. Не еднаш се случило астрономите да забележат комета дури кога сериозно ќе и се приближи на Земјата.

    Во 1983 година кометата наречена ИРАС - Араки - Алкок поминала на „само“ пет милиони километри оддалеченост од нашата планета и била најблиску во последните 200 година, а била забележана само четири дена порано.

    превземено од http://a1.com.mk/
    Martin
    Martin

    Број на мислења : 301
    Age : 31
    Местолокација : Catwalk Galaxy
    Registration date : 2009-02-05

    Re: сега пази комета

    Пишување  Martin on Вто Фед 17, 2009 8:30 pm

    Ова може да го објавиме во нашето прво Списание Wink


    _________________
    They look so small from up here Very Happy
    Branko
    Branko

    Број на мислења : 41
    Age : 38
    Местолокација : Twisted City
    Registration date : 2009-02-09

    Re: сега пази комета

    Пишување  Branko on Вто Фед 17, 2009 9:19 pm

    Ако нешто ни пресуди како цивилизација тогаш најверојатно ќе биде вакво нешто. Да стегаме палци тоа да не се случи.
    Имам замерки на тоа како веста е пренесена од А1. Прво, три илјади комети најверојатно има само во нашиот сончев систем, а не во галаксијата (таму бројот би бил x 100 000 000 000). Второ, сликата е приказ на вештачките сателити околу Земјата, а не на кометите (тие се многу, многу подалеку). Трето, не испарува водата од површината на кометата, туку мразот (на кометите нема течна вода). Можеби ситничарам ама треба поточно да ги пренесуваат вестите.
    Smajli
    Smajli

    Број на мислења : 63
    Age : 28
    Местолокација : дома :)
    Registration date : 2009-02-07

    Re: сега пази комета

    Пишување  Smajli on Вто Фед 17, 2009 10:35 pm

    don't kill the messenger Neutral
    инаку да те сваќам но затоа сме тука па ќе поправиме Smile
    Martin
    Martin

    Број на мислења : 301
    Age : 31
    Местолокација : Catwalk Galaxy
    Registration date : 2009-02-05

    Re: сега пази комета

    Пишување  Martin on Сре Фед 18, 2009 12:34 am

    И да знаеш овие телевизииве чуле нешто, ама не дочуле, и пренесуваат од ушка на менка, па и имаат случаеви Lost in Translation... Како и да е еден глуп превод што го имам прочитано по македонскиве сајтови кои немаат врска со астрономијата беше дека Big Bang се викало Големиот Прашок... И др такви гафови кои ако не го прочиташ текстот нема да го сфатиш насловот - хехехе What a Face


    _________________
    They look so small from up here Very Happy
    Smajli
    Smajli

    Број на мислења : 63
    Age : 28
    Местолокација : дома :)
    Registration date : 2009-02-07

    Re: сега пази комета

    Пишување  Smajli on Сре Фед 18, 2009 5:08 pm

    mmartin напиша:И да знаеш овие телевизииве чуле нешто, ама не дочуле, и пренесуваат од ушка на менка, па и имаат случаеви Lost in Translation... Како и да е еден глуп превод што го имам прочитано по македонскиве сајтови кои немаат врска со астрономијата беше дека Big Bang се викало Големиот Прашок... И др такви гафови кои ако не го прочиташ текстот нема да го сфатиш насловот - хехехе What a Face
    голем прашок? хахахаха тоа звучи го грашок lol! lol! lol! абе медиумиве се многу побркани и тоа што го преведуваат од странски сајтови не е добро преведено бидејќи не го преведуваат луѓе што се разбираат во таа област и што ги знаат изразите.
    Martin
    Martin

    Број на мислења : 301
    Age : 31
    Местолокација : Catwalk Galaxy
    Registration date : 2009-02-05

    Re: сега пази комета

    Пишување  Martin on Сре Фед 18, 2009 7:54 pm

    Инаку првото наше е-списание ќе биде во знакот на Марс, па така да сите може да придонесат со преведување на статии за официјалните мисии за НАСА и ЕСА од официјалната страна на НАСА www.nasa.gov или на ЕСА http://www.esa.int/esaCP/index.html


    _________________
    They look so small from up here Very Happy

    Sponsored content

    Re: сега пази комета

    Пишување  Sponsored content


      Сега е точно Сре Јан 23, 2019 10:22 am