Неинформираност или Индиферентност???

    Share
    Martin
    Martin

    Број на мислења : 301
    Age : 31
    Местолокација : Catwalk Galaxy
    Registration date : 2009-02-05

    Неинформираност или Индиферентност???

    Пишување  Martin on Вто Фед 24, 2009 1:41 pm

    Денеска (вторник) одам во копирница и си копирав материјали. И видов дека Копирницата изработува визит картици. И почнавме дијалог со тетката што работи во копирницата, што, како, и тд и тд. и ме прашува жената што ќе има на визитките т.е. со што се бавам. И кажав дека имаме основано Астрономски Клуб во Куманово, за популаризација на Астрономијата, и жената онака зачудено, не и беше јасно што зборувам и ме прашува, а дали ова по телевизииве со Астрологија е поврзано со вас?? Дали и вие го правите истото???
    Значи во оваа наша Земја, луѓево изгубиле интерес за нешто плус знаење, освен знаењето што го имаат стекнато со учење до Средно. Нашиве Балканци се специфичен и ограничен народ, на кој времето како да застанало уште од Туркото па навамо, и како сиот прогрес да оди наназад! Жално е кога гледаме луѓе кои немаат ниту 40 години, да не знаат дека има нешто повеќе освен нашата Планета, и кои живеат со мислата дека постои само Земјата и ништо повеќе. Се навраќам на муабетот, си правам анализа во главата, и ми текна на времето кога луѓето мислеле дека Земјата е рамна, и дека е центар на Универзумот! Уште постојат такви луѓе кои не се заинтересирани за ништо, кои се прегазени од забот на времето, и кои живеат во нивната мала ограниченост на тие четири sида од кои не се осмелуваат да погледнат надвор. Неинформираност или индиферентност кон Науката, Астрономијата, Технологијата, Прогресот???


    _________________
    They look so small from up here Very Happy
    Smajli
    Smajli

    Број на мислења : 63
    Age : 28
    Местолокација : дома :)
    Registration date : 2009-02-07

    Re: Неинформираност или Индиферентност???

    Пишување  Smajli on Вто Фед 24, 2009 3:58 pm

    Ова е да тажното секојдневие. Не само тетки од по 40 години но и мои врсници не се заинтересирани за астрономија. Голем дел ги мешаат поимите астрономија и астрологија и тоа е нешто што ме вади од кожа!!! Не е само од неинформираност, можат да се информираат но мислам дека повеќе е незаинтересираност. Не сакаат да мислат за што е тоа што не опкружува. тажно... Evil or Very Mad
    Feanor
    Feanor

    Број на мислења : 219
    Age : 31
    Местолокација : У дадену Епсилон околину
    Registration date : 2009-02-05

    Re: Неинформираност или Индиферентност???

    Пишување  Feanor on Вто Фед 24, 2009 5:32 pm

    Ова е иначе така и во светот, не само кај нас, и за жал, ке продолжи учте некое време...
    Она што не е на телевизија секој ден, и не се рекламира агресивно, како да не постои.
    Да има реално шоу со астрономи, или пак некое ток-шоу со полу-голи хостеси, сите би знаеле се за астрономија, и би се зборело нон-стоп за тоа....
    Тажно....


    _________________
    If you go to Z'ha'dum, you will die.
    Branko
    Branko

    Број на мислења : 41
    Age : 38
    Местолокација : Twisted City
    Registration date : 2009-02-09

    Re: Неинформираност или Индиферентност???

    Пишување  Branko on Вто Фед 24, 2009 9:25 pm

    За жал 100% сте во право Crying or Very sad . Денес 9 од 10 луѓе ќе ви кажат дека астрономија и астрологија е едно исто. Луѓето повеќе сакаат разноразни „видовити“ шалабајзери да им кажат дека ќе имаат убав, успешен, богат и каков ли не живот, отколку неколку дечки да им ја кажат вистината за нашото место во Универзумот. Ама затоа нашата мисија е поблагородна, а конечната победа над видовитите ќе ни биде послатка.
    Martin
    Martin

    Број на мислења : 301
    Age : 31
    Местолокација : Catwalk Galaxy
    Registration date : 2009-02-05

    Re: Неинформираност или Индиферентност???

    Пишување  Martin on Чет Фед 26, 2009 6:09 pm

    Епа ајде ќе станеме шалабајзериSmile Бар ако ништо друго, ќе фатиме некој денар - хехехехехех rabbit


    _________________
    They look so small from up here Very Happy

    Sponsored content

    Re: Неинформираност или Индиферентност???

    Пишување  Sponsored content


      Сега е точно Сре Јан 23, 2019 10:51 am