Астрономите од Кина, Јапонија и Јужна Кореа ќе ја изградат најголемата мрежа на телескопи во светот за да можат да ги набљудуваат и истражуваат Млечниот пат и црните дупки.
Конзорциумот East Asia Very Long Baseline Interferomentry (VLB) ќе вклучува 19 телескопи од Кина, Јапонија и Јужна Кореа, а ќе покрива дијаметар од 6.000 км, од Јапонските Хакаидо острови до Кинескиот Кунминг регион.
Главна цела на најголемата телескопска мрежа ќе биде да произведе 3Д мапа од Млечниот пат која потоа ќе помогне во стратегискиот план за откривање на мистеријата околу универзумот.
- Сликите кои ќе ги направат нашите телескопи ќе им помогне на астрономите по квалитетно да ги проучуваат тајните на универзумот. Црните дупки никогаш не биле разоткриени, а Млечниот пат никогаш разјаснет, изјави Хидеуки Кобајаши, директорот на јапонската опсерваторија.
Првите истражувања на конзорциумот ќе започнат во 2010 година. Дванаесетте телескопи во Јапонија и Кина ќе ги прикажат првите снимки, додека останатите шест во Јужна Кореа ќе треба да се изградат до крајот на идната година.
- Планираме градење на нови телескопи со големина од 65 метри каков што е новиот телескоп во Шангај. Кина ја направи првата вселенска мисија, па тоа ни е императив да се здружиме и заедно да напредуваме. Не би рекол дека сме азиската НАСА но би сакал да се развиваме во тој колосек, додаде Хидеуки.