Кумановски астрономски клуб Кокино

Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

2 posters

    Астрономски инструменти

    Geograf
    Geograf

    Број на мислења : 98
    Age : 34
    Местолокација : Делта квадрант
    Registration date : 2009-02-12

    Астрономски инструменти Empty Астрономски инструменти

    Пишување  Geograf Саб Јан 23, 2010 5:12 pm

    Тука ке можете да ги пишувате Вашите текстови и да ги споделувате мислење околу развојот на астрономските инструменти и нивната примена. Се надевам дека оваа тема ќе ве заинтересира.
    Geograf
    Geograf

    Број на мислења : 98
    Age : 34
    Местолокација : Делта квадрант
    Registration date : 2009-02-12

    Астрономски инструменти Empty Телескопи и инструменти

    Пишување  Geograf Саб Јан 23, 2010 11:24 pm

    Напредокот на астрономијата бил непосредно сврзан со развојот на научните инструменти што овозможуваат набљудување на небесниот свод.
    Но, и еден аматер може да врши набљудувања со многу едноставни средства. Инструментите што постојат за проучување на небесните тела почнуваат од призматици до големите телескопи што се користат во астрономските опсерватории.

    Едноставен метод за броење на ѕвезди

    Сите ѕвезди што можеме да ги видиме со голо око се во нашата галаксија, Млениот пат. Има еден многу едноставен начин приближно да се пресмета колку ѕвезди можеме да видиме во одредена ноќ. Се сече еден круг со пречник од 12см на еден картон и се поставува на 30см од очите(за ова најдобро е да се заврзе конец долг 30см кој ќе го држиме затегнат меѓу нашето лице и картонот).

    Овој отвор во картонот ни овозможува да набљудуваме еден процент однебесниот свод. Потоа ќе ги изброиме ѕвездите што можеме да ги видиме низ отворот и ова мерење го повторуваме десетпати на различни места. Со собирање на добиените вредности ќе го добиеме бројот на ѕвездите што се наоѓаат во десет проценти од небесниот свод. Кога ова ќе го помножиме со десет ќе го добиеме вкупниот број ѕвезди.
    Geograf
    Geograf

    Број на мислења : 98
    Age : 34
    Местолокација : Делта квадрант
    Registration date : 2009-02-12

    Астрономски инструменти Empty Призматици

    Пишување  Geograf Саб Јан 23, 2010 11:41 pm

    Овој оптички инструмент се користи за набљудување животни на слобода, или да се видат оддалечени луѓе или места, а може, исто така, да се користи за набљудување голем број кратери, планини и 'мориња' на нашиот сателит. Најсоодветниот модел за астрономски набљудувања е со димензии 7 Х 50 (7 зголемувања и предна леќа со пречник од 50mm).

    Предупредување!
    Никогаш не треба да се користат призматици за да се набљудува Сонцето. Последица од тоа би можело да биде трајно слепило.

    За да се гледаат ѕвездите со призматици најдобро е да се потпрат рацете врз тврда основа за да се одбегнат треперења.
    Geograf
    Geograf

    Број на мислења : 98
    Age : 34
    Местолокација : Делта квадрант
    Registration date : 2009-02-12

    Астрономски инструменти Empty Астрономски очила

    Пишување  Geograf Саб Јан 23, 2010 11:51 pm

    Овој едноставен инструмент, што се користел одамна, се состои од една цевка со леќа за зголемување на едниот крај. Подоцна се открило дека со поставување две леќи може да се зголеми неговата видна моќ. Галилео Галилеј го усовршил инструментот и направил таков што можел да зголемува 30 пати.

    Првата леќа служи да се добие мала слика на набљудуваниот предмет, на пример Месечината. Втората леќа, сместена во окуларот(низ кој гледа набљудувачот) служи за зголемување на првата слика.
    Geograf
    Geograf

    Број на мислења : 98
    Age : 34
    Местолокација : Делта квадрант
    Registration date : 2009-02-12

    Астрономски инструменти Empty Телескопи

    Пишување  Geograf Нед Јан 24, 2010 12:11 am

    Овој инструмент претставува усовршување на астрономските очила со додавање нови леќи што ги исправуваат дефектите на сликата и ја зголемуваат видната моќ. Најважни карактеристики на телескопот се зголемувањето и луминозноста. Првата зависи од врската меѓу фокусното растојание на објективот и окуларот. Луминозноста зависи од пречникот на објективот и колку што е поголем објективот, инструментот ќе биде полуминозен.

    Современи телескопи

    Современите телескопи имаат големи димензии и се составени од голем број помошни делови за да можат да работат со голема прецизност. Освен тоа, наместо да се набљудува сликата непосредно, се користи слика добиена преку рефлексија во огледало.
    Светлината што влегува во телескопот се одразува во едно конкавно огледало поставено на дното. Одразената слика паѓа врз едно рамно огледало и се гледа со помош на окулар.
    Geograf
    Geograf

    Број на мислења : 98
    Age : 34
    Местолокација : Делта квадрант
    Registration date : 2009-02-12

    Астрономски инструменти Empty Радиотелескопи и спектрометри

    Пишување  Geograf Нед Јан 24, 2010 2:06 am

    Видливата светлина овозможува да се набљудуваат голем број небесни тела, но има многу од нив што не испуштаат светлина, изгледаат покриени со меѓуѕвесзден прав, што ја апсорбира оваа светлина, но има и такви што се толку далеку што со моќта на еден оптички телескоп не можат да се видат. Поради тоа, астрономите користат други видови електромагнетска радијација, како што се радиобрановите. Освен тоа, со спектрометрите може да се проучува составот на небесните тела
    Geograf
    Geograf

    Број на мислења : 98
    Age : 34
    Местолокација : Делта квадрант
    Registration date : 2009-02-12

    Астрономски инструменти Empty Радиотелескопи

    Пишување  Geograf Нед Јан 24, 2010 2:24 am

    Во 1931 година, барајќи начин да се подобри приемот на радиоемисиите и да се избегнат бучните пречки, еден инжинер случајно открил дека има таква бучава што доаѓа од вселената. Тогаш астрономите почнале да го користат ова ново средство за проучување на небесниот свод. Резултатот бил откривање голем број ѕвезди и други небесни тела во универзумот.
    Светлината е само еден дел од радијацијата што ја испуштаат небесните тела. Брановата должина се менува во многу широк опсег на вредности. Радиотелескопот ги открива сите оние што не припаѓаат на видливата светлина. Овие телескопи имаат големи димензии и се состојат главно од еден рефлектор, кој има облик на конкавно огледало за да ја центрира радијацијата во една централна точка каде се регистрира, а тоа е антената. Од неа се испушта сигнал до еден засилувач кој ја подложува на обработка за да може таа да се проучува.
    Martin
    Martin

    Број на мислења : 301
    Age : 36
    Местолокација : Catwalk Galaxy
    Registration date : 2009-02-05

    Астрономски инструменти Empty Re: Астрономски инструменти

    Пишување  Martin Нед Јан 24, 2010 2:26 am

    Bobby напиша:Во 1931 година, барајќи начин да се подобри приемот на радиоемисиите и да се избегнат бучните пречки, еден инжинер случајно открил дека има таква бучава што доаѓа од вселената. Тогаш астрономите почнале да го користат ова ново средство за проучување на небесниот свод. Резултатот бил откривање голем број ѕвезди и други небесни тела во универзумот.

    Да во право си, таквата бучава се нарекува Вселески шум и истата е остаток од Големата експлозија. А за Радио телескоп, имавме идеја за изработка на прв радио телескоп во државата, ама другите преокупации до сега некако се наоѓаат во преден план, па се надеваме дека проектот во блиска иднина ќе стане реалност!
    Geograf
    Geograf

    Број на мислења : 98
    Age : 34
    Местолокација : Делта квадрант
    Registration date : 2009-02-12

    Астрономски инструменти Empty Спектрометри

    Пишување  Geograf Нед Јан 24, 2010 2:44 am

    Кога белата сончева светлина ќе помине низ кристална призма од другата страна излегува светлина поделена на неколку бои. Всушност призмата го разложила снопот бела светлина на нејзините составни делови или бои. Секоја боја има своја сопствена бранова должина и се одразува на страните на призмата под различен агол. Збирот на сите тие бои го означува спектарот на сончевата светлина.
    Физичарите откриле дека кога еден хемиски елемент се вжарува, испушта посебен спектар, составен од бои во различни соодноси. Според тоа, ако се знае спектарот на секој од елементите, можеме да откриеме дали светлината што доаѓа од одредено место го има или го нема тој елемент.
    Ова е принципот на спектрометријата. Спектрометарот е инструмент што ја анализира светлината што доаѓа од вселената(пр од некоја ѕвезда) и овозможува да се откријат хемиските елементи што ги содржи небесното тело.
    Брановата должина на боите на сончевата светлина осцилира од 0,40 илјадити делови од mm кај виолетовата и 0,70 илјадити делови од mm на црвената боја.
    Geograf
    Geograf

    Број на мислења : 98
    Age : 34
    Местолокација : Делта квадрант
    Registration date : 2009-02-12

    Астрономски инструменти Empty Re: Астрономски инструменти

    Пишување  Geograf Нед Јан 24, 2010 2:53 am

    mmartin напиша:
    Bobby напиша:Во 1931 година, барајќи начин да се подобри приемот на радиоемисиите и да се избегнат бучните пречки, еден инжинер случајно открил дека има таква бучава што доаѓа од вселената. Тогаш астрономите почнале да го користат ова ново средство за проучување на небесниот свод. Резултатот бил откривање голем број ѕвезди и други небесни тела во универзумот.
    Светлината е само еден дел од радијацијата што ја испуштаат небесните тела. Брановата должина се менува во многу широк опсег на вредности. Радиотелескопот ги открива сите оние што не припаѓаат на видливата светлина. Овие телескопи имаат големи димензии и се состојат главно од еден рефлектор, кој има облик на конкавно огледало за да ја центрира радијацијата во една централна точка каде се регистрира, а тоа е антената. Од неа се испушта сигнал до еден засилувач кој ја подложува на обработка за да може таа да се проучува.

    Да во право си, таквата бучава се нарекува Вселески шум и истата е остаток од Големата експлозија. А за Радио телескоп, имавме идеја за изработка на прв радио телескоп во државата, ама другите преокупации до сега некако се наоѓаат во преден план, па се надеваме дека проектот во блиска иднина ќе стане реалност!
    Да се надеваме дека идејата за изработка на прв радиотелескоп во Македонија ке стане реалност во поскоро време, но сепак како Астрономски клуб се наоѓаме во првиот стадиум на функционирање, така што сето она што е направено до сега е за пофалба. Поздрав!
    Geograf
    Geograf

    Број на мислења : 98
    Age : 34
    Местолокација : Делта квадрант
    Registration date : 2009-02-12

    Астрономски инструменти Empty Интерферометри и радари

    Пишување  Geograf Нед Јан 24, 2010 3:06 am

    Тоа се инструменти што, исто така, се користат за проучување на небесниот свод. Интерферометрите се состојат од две огледала поставени на одредена далечина кои одразуваат некоја слика или радијација врз оптички телескоп или радиотелескоп, создавајќи слика на интерференција што ја зголемува моќта на резолуцијата.

    Радарите испуштаат сноп бранови кон некое небесно тело (Месечината или некоја планета) и примаат ехо што овозможува да се проучи тоа тело и да се одреди далечината.

    Многу од овие инструменти денес се поставуваат на вештачките сателити, и на вселенските бродови со што се зголемува нивната ефикасност, зашто врз нив не влијаат слоевите воздух во атмосферата.

    Интересно е да се спомене и за квазарите кои се моќни испуштачи на радијација,при што можат да се проучуваат со радиотелескопи и спектрометри.
    Martin
    Martin

    Број на мислења : 301
    Age : 36
    Местолокација : Catwalk Galaxy
    Registration date : 2009-02-05

    Астрономски инструменти Empty Re: Астрономски инструменти

    Пишување  Martin Пон Јан 25, 2010 2:52 am

    Bobby напиша:Тоа се инструменти што, исто така, се користат за проучување на небесниот свод. Интерферометрите се состојат од две огледала поставени на одредена далечина кои одразуваат некоја слика или радијација врз оптички телескоп или радиотелескоп, создавајќи слика на интерференција што ја зголемува моќта на резолуцијата.

    Радарите испуштаат сноп бранови кон некое небесно тело (Месечината или некоја планета) и примаат ехо што овозможува да се проучи тоа тело и да се одреди далечината.

    Многу од овие инструменти денес се поставуваат на вештачките сателити, и на вселенските бродови со што се зголемува нивната ефикасност, зашто врз нив не влијаат слоевите воздух во атмосферата.

    Интересно е да се спомене и за квазарите кои се моќни испуштачи на радијација,при што можат да се проучуваат со радиотелескопи и спектрометри.

    Во врска со радарите, за да еден радар може да испушти сноп бранови до Месечината, па и кон некое небесно тело, нели истиот треба да биде енормно голем и моќен т.е. ќе му биде потребна неверојано голема енергија за да ја постигне својата цел.
    Geograf
    Geograf

    Број на мислења : 98
    Age : 34
    Местолокација : Делта квадрант
    Registration date : 2009-02-12

    Астрономски инструменти Empty Re: Астрономски инструменти

    Пишување  Geograf Пон Јан 25, 2010 6:31 pm

    mmartin напиша:
    Bobby напиша:Тоа се инструменти што, исто така, се користат за проучување на небесниот свод. Интерферометрите се состојат од две огледала поставени на одредена далечина кои одразуваат некоја слика или радијација врз оптички телескоп или радиотелескоп, создавајќи слика на интерференција што ја зголемува моќта на резолуцијата.

    Радарите испуштаат сноп бранови кон некое небесно тело (Месечината или некоја планета) и примаат ехо што овозможува да се проучи тоа тело и да се одреди далечината.

    Многу од овие инструменти денес се поставуваат на вештачките сателити, и на вселенските бродови со што се зголемува нивната ефикасност, зашто врз нив не влијаат слоевите воздух во атмосферата.

    Интересно е да се спомене и за квазарите кои се моќни испуштачи на радијација,при што можат да се проучуваат со радиотелескопи и спектрометри.

    Во врска со радарите, за да еден радар може да испушти сноп бранови до Месечината, па и кон некое небесно тело, нели истиот треба да биде енормно голем и моќен т.е. ќе му биде потребна неверојано голема енергија за да ја постигне својата цел.

    Да во право си за радарите, тие се со големи димензии и се простираат на огромна површина, пример како што е радарот во Порторико кој се наоѓа на површина од 300 метри во радиус. Исто така за пример може да се земе и радарот од филмот James Bond - Golden Eye. Всушност и за такви радари напишав погоре и истите располагаат со енормна моќност.

    Sponsored content

    Астрономски инструменти Empty Re: Астрономски инструменти

    Пишување  Sponsored content

      Сега е точно Пон Мај 13, 2024 4:33 am