Feanor Чет Јан 28, 2010 5:50 pm
Bobby напиша: mmartin напиша: Bobby напиша: Feanor напиша: Bobby напиша:Овој линк претставува еден мал доказ за тоа дали постои или не вонземски живот. Потребни се пообемни истражувања кои ќе дадат резултати во докажување на постоењето на живи суштества. Според ова мислам, дека постои живот некаде далеку од нашата галаксија, можеби поразвиен од нас со посовремена технологија.
Може и да има и на нашата планета, само не го сфаќаме.... Зар се мравките свесни за нашето присуство?
Е за мравке си у право, бш ги погоди и ми смо у споредбу сс њима такој у свемир, мали и несвесни дека има некој поразвиен од нас.
Нашата интелегенција во споредба со Универзумот е неважна! Додека не почнеме да колонизираме нови светови и да направиме вселенски бродови уште сме неважни во целава приказна
Во право си се сложувам со кажаното, но целата работа околу колонизацијата е сеуште далеку и ќе треба доста време за да се исполни. Се зборува за колонизација на Месечината, за градење на лунарни бази на сателитот, но сепак треба време за да се остварат ваквите идеи.
Па реално гледано, треба да имаме и потреба од тоа... сега, баш и не гледам некоја корист од база на Месечиата... најголемите откритија доаѓаат баш кога се најпотребни.
На пример, ако Земјата стане пренатрупана, или ако нешто катастрофално се случи (а нормално, не не убие сите) тогаш би биле многу експедитивни во изнаоѓање начин да одиме на Марс, или во всделената, и таму да си направиме дом.
Сега, моментално, нема потреба од тоа, и затоа се се движи поспоро. Исто е зошто немало струја на пример во 14-ти век. Јас лично сметам дека не е заради тоа што немало никој паметен да ја открие, него дека немало потреба воопшто да се размислува за тоа. Сега размислуваме за колонизација, но немаме ништо што ќе не натера да ги ставиме теориите на тест.
Кога би се сретнале со некоја вонземска цивилизација, тоа би било голем поттик за ваков чекор, исто. Едно е сигурно, човештвото раѓа гении кога му се најпотребни. Затоа, сметам дека не треба ни да брзаме со ова, треба да созрееме уште за вакво нешто.