Гледам дека оваа тема е популарна и кај нас, иако според мене не треба да биде, бидејќи од сите теории, оваа ми е најсмешна.
Но, сепак треба да се даде на сите право на збор, па еве, и мене ме интересира, да дознаам зошто мислите дека Аполо 11 никогаш не отишло на Месечината, и зошто воопшто некој би одел толку далеку да исфабрикува вакво нешто.
Ако е за американците да се покажат пред русите, ова нема смисла во старт, бидејќи ако Америка била загрозена од Русија по ова прашање, односно ако русите би слетале први, тоа значи дека слетувањето е можно. И, ако е исфабрикувано, зошто тогаш би го фабрикувале уште 5 пати?
За мене сета теорија паѓа во вода со фактот дека русите честитале за слетувањето, и тоа било одблизу следено од нивните сателити. Но, на линкот подоле има објаснување за сите точки од оваа „теорија, и тоа е од човек кој долги години се занимава аматерски со астрономија, и кој прашал вистински физичари, и тоа неповрзани со НАСА, што мислат за ова.
Fox TV and the Apollo Moon Hoax[url][/url]
Тескстот е на англиски, и планирам јас да нашишам нешто на ова прашање базирано на ова и на други извори, ама тоа во догледно време.
Еве го и оригиналниот документарец (првиот дел, ресто лесно ќе најдете):
https://www.youtube.com/watch?v=Y5MVVtFYTSo
Веќе имавме гласање за оваа на сајтот и резултатот беше 21:11 во корист на слетувањето. На форумот во гласањето овозможив и да се откажуваат гласовите, доколку се премислите, и со тоа се надевам дека ќе почнеме дебата. Иако ова не заслужува дебата, според мене