Кумановски астрономски клуб Кокино

Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

3 posters

    Телепортирањето ќе стане реалност!?

    Geograf
    Geograf


    Број на мислења : 98
    Age : 34
    Местолокација : Делта квадрант
    Registration date : 2009-02-12

    Телепортирањето ќе стане реалност!? Empty Телепортирањето ќе стане реалност!?

    Пишување  Geograf Саб Јан 30, 2010 9:35 pm

    Дали ова навистина ќе се случи во блиска иднина или не?
    Тука ќе можете да ги пишувате вашите мислења на оваа тема.
    Имено научниците сметаат дека телепортацијата и невидливоста спаѓаат во невозможности од класа 1 - остварливи за максимум едно столетие, најверојатно за неколку декади.
    За почеток еве една статија со која се надевам дека ќе ви го задржи вниманието и ќе ве натера да пишувате на оваа тема.
    Geograf
    Geograf


    Број на мислења : 98
    Age : 34
    Местолокација : Делта квадрант
    Registration date : 2009-02-12

    Телепортирањето ќе стане реалност!? Empty Re: Телепортирањето ќе стане реалност!?

    Пишување  Geograf Саб Јан 30, 2010 10:24 pm

    Претпоставуваме дека на повеќето ви е позната легендарната реплика од серијалот 'Ѕвездени патеки' - Beem me up Scoty, која филмските јунаци ја користат кога го повикуваат инжинерот од бродот да ги телепортира. Технологија која овозможува во рок од неколку секунди да ги пренесе луѓето на дистанци од многу киломтри.
    Нормално, ова звучи многу нереално, но како што Жил Верн ја предвиде подморницата во книгата '20 000 под морето', зошто тогаш да не веруваме дека и телепортацијата може да се преточи во стварност.
    Минатиот месец, д-р Мичиу Каку, професор по теоретска физика на Градскиот универзитет во Њујорк, САД, и копронаоѓач на Теоријата на струните беше во Бристол, Англија на фестивалот на идеи. Тој таму изнесе неколку тврдења дека невозможното и не е толку невозможно како што изгледа на прв поглед.
    Доктор Каку изјави дека фотони се веќе телепортирани! Во Виена една состојба на фотон е телепортирана преку Дунав цели 600 метри! Следната голема работа би била да се пренесе на ваков начин е цел атом. Професорот смета дека за неколку години ќе биде возможно од една во друга точка да се телепортира цел вирус. Да се примени процесот на поголеми објекти, како луѓе, на пример, е сосема возможно. Според научниците, тоа е чисто инжинерски проблем, кој ќе се реши со тек на времето.
    Инаку, професор Каку работи на својата нова книга 'Физика на невозможното'. Тој смета дека телепортацијата, телепатијата, полињата на моќ и невидливоста спаѓаат во невозможности од класа 1, појави кои човекот може да ги оствари за максимум едно столетие, најверојатно за неколку декади.
    Во однос на невидливоста, тој тврди дека истражувачите на универзитетот 'Дјук' во Северна Каролина, САД, употребиле печатени плочки за да ги пренасочат микробрановите со цел да создадат област невидлива на радар. Тоа многу лесно може да биде проширено и на видливиот спектар.
    Професорот смета дека уште сега може да се изработат математеријали, односно егзотични композити, кои ќе ги искривуваат светлинските бранови. Како класа 2 Каку ги смета патувањето во време, паралелни универзуми и движење со брзина поголема од онаа на светлината. Тој смета дека за да се решат овие работи, ќе треба неколку столетија, дури можеби и цел милениум.
    Како класа 3 невозможности, Каку ги споменува:перпетум - мобиле и претскажувањето на иднината(прекогниција). Тие се навистина невозможни, бидејќи се спротивни со основните закони на физиката, каква што се подразбира денес.
    Тоа е добра вест за илјадниците аналитичари, футуролози, гатачки и бајачки, бидејќи ако невозможностите од 3 класа се навистина неостварливи во некој разбирлив временски период, вредноста на нивниот труд ќе биде поголема! А сега Beem me up Scoty!
    Feanor
    Feanor


    Број на мислења : 219
    Age : 36
    Местолокација : У дадену Епсилон околину
    Registration date : 2009-02-05

    Телепортирањето ќе стане реалност!? Empty Re: Телепортирањето ќе стане реалност!?

    Пишување  Feanor Нед Јан 31, 2010 6:40 am

    Всушност телепортација и невидливост, заедно со прекогниција и т.н. „гледање во далечина“ (remote viewing) се одамна на „менито“ на научни истражувања.

    Незнам дали сте чуле за Филаделфија Ексеримент. Овој експеримент наводно е направен на 28. октомври 1943 година, со цел американската поморска флота да добие неверојатна предност во втората светска војна - невидлив брод.

    Значи, наводно, U.S.S. Eldridge, во тоа време го снемало, и се појавил во пристаниште во Вирџинија, за да се повторно врати во Филаделфија (каде, логично, бил направен експериментот.). Ова е кратка верзија, повеќе на Википедија Smile

    Е сега, овој експеримент најверојатно никогаш не се случил, бидејќи е дел од теории на заговор, за кои знаеме со каква репутација се Smile Но, веројатноста дека научниците на САД во тоа време работеле на ова е огромна, бидејќи, како прво, го имале Ајнштајн во нивните редови во тоа време, кој работел на унифицираната теорија (една теорија која ги објаснува сите теории во физиката).

    Во врска со телепортацијата останува многу важно филозофско прашање што треба да го разгледа човекот пред да се впушти во ваква форма на патување. Прво, колку што разбрав за оваа технологија, всушност не се работи за пренесување на еден објект од точка А до точка Б во конвенционална смисла на зборот, туку уништување на објектот во точка А и створање на ист таков во точка Б. Ако се работи за телепортирање на човек, мислам дека е јасно кој е проблемот Smile

    Второ, треба да се размисли што станува со нашите мисли при еден таков процес? Дали сме навистина само сума на атомите што не градат? Ова не смее никако да се игнорира. Има бескрај случаи во науката каде што сме зезнале со мислата дека се знаеме.

    Во секој случај, ова вреди да се развива. Барем нема да чекаме 2 недели нарачка од eBuy Smile)
    Martin
    Martin


    Број на мислења : 301
    Age : 36
    Местолокација : Catwalk Galaxy
    Registration date : 2009-02-05

    Телепортирањето ќе стане реалност!? Empty Re: Телепортирањето ќе стане реалност!?

    Пишување  Martin Пон Фед 01, 2010 2:48 am

    Feanor напиша:Всушност телепортација и невидливост, заедно со прекогниција и т.н. „гледање во далечина“ (remote viewing) се одамна на „менито“ на научни истражувања.

    Незнам дали сте чуле за Филаделфија Ексеримент. Овој експеримент наводно е направен на 28. октомври 1943 година, со цел американската поморска флота да добие неверојатна предност во втората светска војна - невидлив брод.

    Значи, наводно, U.S.S. Eldridge, во тоа време го снемало, и се појавил во пристаниште во Вирџинија, за да се повторно врати во Филаделфија (каде, логично, бил направен експериментот.). Ова е кратка верзија, повеќе на Википедија Smile

    Е сега, овој експеримент најверојатно никогаш не се случил, бидејќи е дел од теории на заговор, за кои знаеме со каква репутација се Smile Но, веројатноста дека научниците на САД во тоа време работеле на ова е огромна, бидејќи, како прво, го имале Ајнштајн во нивните редови во тоа време, кој работел на унифицираната теорија (една теорија која ги објаснува сите теории во физиката).

    Во врска со телепортацијата останува многу важно филозофско прашање што треба да го разгледа човекот пред да се впушти во ваква форма на патување. Прво, колку што разбрав за оваа технологија, всушност не се работи за пренесување на еден објект од точка А до точка Б во конвенционална смисла на зборот, туку уништување на објектот во точка А и створање на ист таков во точка Б. Ако се работи за телепортирање на човек, мислам дека е јасно кој е проблемот Smile

    Второ, треба да се размисли што станува со нашите мисли при еден таков процес? Дали сме навистина само сума на атомите што не градат? Ова не смее никако да се игнорира. Има бескрај случаи во науката каде што сме зезнале со мислата дека се знаеме.

    Во секој случај, ова вреди да се развива. Барем нема да чекаме 2 недели нарачка од eBuy Smile)

    Целиот концепт на телепортација е замислен како пренос на информација од веќе постоечки атом до непрограмиран атом во кој треба да се вметне таа информација Very Happy Е сега телепортацијата во смисла од Sвездените Патеки е всушност разбивање на молекулите на атомии, па тогаш истиот процес атом по атом да се телепотрираат т.е. да се „убијат“ на локација А, па после да се создадат т.е. телепортираат на локација Б. НАСА има веќе неколку години отворено конкурс за практична изработка на телепортер за пренос на енергија до ИСС и назад. (Човекот може да се смета како енергија така да истата телепортација би важела и за него). Интересен концепт, кој почна да се остварува. Направена е првата успешна телепортација на атом, ама не во смисла на телепортирање на атом од точка А до точка Б, туку пренос на информација од атом од место А до место Б. Овој концепт би требало да се користи во изработка на нов тип на суперкомпјутери кои би имале неверојатна брзина на процесирање и истите би ги замениле досегашните компјутери. Новиот концепт на телепортација на информација остава и можност досегашното поврзување со класични коаксијални и обични кабли да се замени со телепортација и со ова каблите за поврзување помеѓу разни уреди би се остварувало бежично како напојување па се до пренос на информации. Интересен концепт кој би требало да стане реалност во следната декада. cheers cheers

    Sponsored content


    Телепортирањето ќе стане реалност!? Empty Re: Телепортирањето ќе стане реалност!?

    Пишување  Sponsored content


      Сега е точно Нед Мај 19, 2024 3:06 pm