Кумановски астрономски клуб Кокино

Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

2 posters

    Нашиот Сончев Систем и планетите во него...

    Martin
    Martin


    Број на мислења : 301
    Age : 36
    Местолокација : Catwalk Galaxy
    Registration date : 2009-02-05

    Нашиот Сончев Систем и планетите во него... Empty Нашиот Сончев Систем и планетите во него...

    Пишување  Martin Вто Фед 10, 2009 1:34 am

    Астрономскиот Клуб има направено страна само за оваа тематика, со слики и опширен преглед на сите Планети во нашиот Сончев Систем. Линкот до страната е
    https://www.facebook.com/pages/-/45702027365

    Очекувам новости за да го дополниме Водичот за телата во нашиот Сончев Систем!
    avatar
    branislav


    Број на мислења : 20
    Registration date : 2010-04-23

    Нашиот Сончев Систем и планетите во него... Empty Re: Нашиот Сончев Систем и планетите во него...

    Пишување  branislav Саб Апр 24, 2010 11:50 pm

    По повеќе од четири години обработка спроведена на 20 рачно изработени компјутери, најдобрите нeкогаш направени слики од Плутон конечно се достапни.

    Со помош на 384 слики снимени од Хабл во кои сликата на Плутон беше само неколку пиксели во шириниа, астрономот Марк Бује и неговиот тим во Југозападниот Истражувачки Институт ги сковаа картите на Плутон кои можете да ги видите подолу.

    „Исто така ви го покажува и она што јас сметам дека ми е најдобра претпоставка за тоа каква боја би бил Плутон ако случајно поминувате со вселенско летало покрај него,“ изјави Бује на телеконференција на НАСА.

    Плутон највеќе беше во центарот на збиднувањата последните години поради неговото уназадување од рангот на планети во рангот на планети-џуџиња, и неговите неколку последователни обиди да се врати во лигата на поголемите округли објекти во нашиот сончев систем.

    Но, астрономот Мајк Браун од институт за технологија во Калифорнија смета дека прашањето на класификацијата на ова небесно тело не ја заслужува важноста која му беше дадена,

    „Ова навистина не е интересно прашање да се постави,“ изјави Браун, кој не беше вклучен во истражувањето. „Плутон е интересно место за проучување.“

    Поточно, она што ги фасцинира Браун и Бује е големата промена која беше забележана на Плутон, посебно помеѓу сликите добиени во 1994 и оние во 2003. Според новите обработки на сликите, на Плутон имало поголеми промени отколку на Земјата и на Марс.

    “Гледате во површината во сончевиот систем каде се забележани најголемите промени досега.“ рече Браун.

    Бојата на површината на плутон е променета толку многу, посебно помеѓу 2000 и 2002, што Бује мораше да помине години во повеќекратни проверки на неговата работа, само за да се осигура дека расликите не се само производ на покварени инструменти или погрешни пресметки.

    „Ги добив резултатите пред години, но ми беше толку многу тешко да разберам и верувам, па проверував се што ми паѓаше на ум.“ рече тој. „Сеуште се нервирам за ова. Можеби сето ова сосема сум го утнал, само неможам да најдам каде.“




    Новата карта на Плутон

    Она што му влева доверба е фактот дека една од месечините на Плутон, Чарон, исто така е на сликата што тие ја имаат од џуџестата планета и нејзината боја е останата иста. Ова ја намалува можноста дека нешто пошло на лошо во инструментите или за време на обработката.

    Компјутерската моќ потребна за куп пиксели од Плутон да се претворат во глобалната карта видена овде е значајна. Бује рачно го нашиша целиот код во комбинација од IDL, програмски јазик користен во научни истражувања, и C. Но кога заврши и кога почна да ги обработува податоците, изгледаше дека ќе треба децении за да се завршат пресметките.

    Затоа, финансирањето кое го имаше го искористи за да склепа 20 комјпутери да работат паралелно.

    „Ги купив овие мали кутии и процесор и меморија. Ја намалив цената на 450 долари по компјутер и имав доволно за да купам 20 компјутери кои сите ќе „мелат“,“ рече тој. „Тоа е најевтиниот суперкомпјутер ко може да се направи,“

    Планета или не, Плутон сега ќе претставува леќа за проучување на останатите објекти во Кујперовиот појас после Нептун.

    „Иако Плутон не е најголемиот, тој е најблискиот и најдобриот за проучување,“ Браун рече, „и добра помош за нашата интерпретација на сите останати работи што ги гледаме во надорешниот Сончев Систем.Бидејќи неможев да го ставам ова на фб тука го ставив
    Martin
    Martin


    Број на мислења : 301
    Age : 36
    Местолокација : Catwalk Galaxy
    Registration date : 2009-02-05

    Нашиот Сончев Систем и планетите во него... Empty Re: Нашиот Сончев Систем и планетите во него...

    Пишување  Martin Нед Апр 25, 2010 1:36 pm

    Веста која си ја пишал погоре, веќе ја имаме објавено на нашиот Сајт на следниов линк тука! Да ова ќе треба да го дополниме во информациите за Сончевиот Систем, но со обработката на податоците за планетите во нашата Астропедија оди споро, поради фактот што има толку многу податоци кои треба да бидат испеглани пред да се објават. До сега имаме напишано за Меркур,Венера,и мојата планета фаворит Марс! cheers cheers cheers

    Sponsored content


    Нашиот Сончев Систем и планетите во него... Empty Re: Нашиот Сончев Систем и планетите во него...

    Пишување  Sponsored content


      Сега е точно Пон Мај 06, 2024 7:43 pm