Кумановски астрономски клуб Кокино

Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

3 posters

    Научници развија органски нано жици !!!

    Martin
    Martin


    Број на мислења : 301
    Age : 36
    Местолокација : Catwalk Galaxy
    Registration date : 2009-02-05

    Научници развија органски нано жици !!! Empty Научници развија органски нано жици !!!

    Пишување  Martin Чет Фед 12, 2009 1:47 pm

    Научници развија органски нано жици !!! Nanowiresqu1.th
    Хемиските истражувачи при Универзитетот Џон Хопкинс развија водено растворлива, органска, само-асемблирачка електронска жица која може да се користи во човечкото тело. Направени од карбонски (јаглеродни) материјали, лесните, флексибилни жици можат да служат за напојување на пејсмејкери, поврзување на оштетени нервни ткива, и истовремено да бидат во интеракција со стандардни електронски уреди кои можат да ги зголемат или стимулираат органските функции.

    Само-асемблирачкиот процес продуцира жици кои се значително потенки од човечкото влакно. Тие всушност можат да бидат толку мали што можат да комуницираат само со индивидални клетки. Тоа ветува голем потенцијал за лекување на парализирани лица.

    Истражувачите веруваат дека процедурата може да се развива во зависност од тоа колку нервни завршетоци ќе бидат реконектирани со овие мали органски жици. Штом оваа технологија ќе биде усовршена и применета, таквите пациенти теоретски би можеле да ги повратат некои, ако не и сите нивни претходни мобилни функции. Всушност, Џон Д. Товар, асистент професор при Одделот за Хемија на Школата за Уметности и Науки - Зенвил Кригер, вели дека можноста да се постигне сето ова е голема и дека се потребни само неколку години за да оваа трехнологија полека но сигурно да почне да наоѓа примена, се разбира најпрво во поедноставни облици, а понатаму да се усовршува до поголеми и покомплицирани подфати.

    Од сето ова истражување можеби најголемиот бенефит е тоа што механизмот и технологијата за да се постигне тоа веќе е тука и е достапна. Тимот веќе ги надмина сите поголеми проблеми околу развојот на ова поле, и сега тие го презентираа пед светот она што ќе биде само уште една алатка во богатиот истражувачки арсенал на идни ветувачки технологии.

    На кратко, со ваа нова моќна можност која се приклучува во научниот сет на нови алатки, сега научниците можат да размислуваат за целите и примените наместо за тоа како да го постигнат тоа, односно како да го изградат патот до таму.

    Е сега нели ве потсеќа ова на технологијата на The Borg од Star Trek серијалот. Таму исто така кој има гледано знае дека Боргите се човечки суштества со технолошки додатоци. Дали со ова и други откритија што следат ќе го подобриме човештвото, или ова е почеток на совршенството и се претвараме во The Borg???Коментар???
    Smajli
    Smajli


    Број на мислења : 63
    Age : 34
    Местолокација : дома :)
    Registration date : 2009-02-07

    Научници развија органски нано жици !!! Empty Re: Научници развија органски нано жици !!!

    Пишување  Smajli Чет Фед 12, 2009 11:52 pm

    Јас мислам дека ќе почнеме вака, со невино нешто за да им помогнеме на луѓе, после некој ќе сака да се усоврши и сл. и сите они работи кои авторите на sci-fi серии се обидуваат да ги кажат ќе се случат. Лошо... Ќе бидне борг, ќе бидне сајлон, ма све! ок е за нано стварва ама знам дека ќе биде злоупотребена повеќе отколку употребена за добро No
    Aleksandar
    Aleksandar


    Број на мислења : 36
    Age : 30
    Местолокација : Зависи кд куде:D
    Registration date : 2009-03-01

    Научници развија органски нано жици !!! Empty Re: Научници развија органски нано жици !!!

    Пишување  Aleksandar Вто Мар 10, 2009 12:32 am

    хммм интересна ствар чита за тој...технологија иде напред ама сто повише се развива некои од њима ке не уништив:S како и онј капут што беше претставен како невидњив што може да га прекрие цовека и да се гледа све што е позади њега:S:D

    Sponsored content


    Научници развија органски нано жици !!! Empty Re: Научници развија органски нано жици !!!

    Пишување  Sponsored content


      Сега е точно Вто Мај 07, 2024 3:00 am