Нашиот клуб почна да се шири со бар за мене неочекувана брзина, се повеќе луѓе се интересираат за нашите активности, а и бараат начин да не подржат и да бидат дел од нашиот клуб. Но напоредно со овој благодет оди и проблемот на огранизацијата и координацијата на клубот и на членовите. Веќе стигнавме до степенот на кој за една одлука се бара консензуалност и каде никој не смее да прави нешто а другите да не се свесни за тоа, затоа што тоа директно влијае врз стабилноста на клубот. Но мислам дека ние како да ги заборавивме малку членовите кои не се од Куманово, и кои воедно беа оние првите кои ни дадоа рака и кои помогнаа да се рашири веста за нашиот клуб. Мислам дека не би било морално да им завртиме грб на тие луѓе и дека би било добро да најдеме начин да ги вклучиме повторно во нашите активности и планови. Бидејќи речиси сите тие се од Скопје не би било лошо да одржуваме повремено состаноци во Ск, што за нас од Куманово секако нема да е проблем, бидејќи освен Александар сите сме студенти и студираме во метрополата, а што се однесува до Александар тој е пун со ентузијазам и кој едвај чека да се запознае со нашата Скопска половина од друштвото
Е сега Боки, Марија, Смајли дали сте ѕа???? И ако сте дали би можеле вие тројца интерно да се договорите кој термин и кое место највеќе ви одговараат за една ваква средба. Нас највеќе ни одговара четврток попладне(секако не прекасно затоа што последниот автобус тргнува во 21:00 часот).