Кумановски астрономски клуб Кокино

Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

3 posters

    Црни дупки

    avatar
    branislav


    Број на мислења : 20
    Registration date : 2010-04-23

    Црни дупки Empty Црни дупки

    Пишување  branislav Нед Апр 25, 2010 12:37 am

    Ваше лично мислење што се црни дупки
    Geograf
    Geograf


    Број на мислења : 98
    Age : 35
    Местолокација : Делта квадрант
    Registration date : 2009-02-12

    Црни дупки Empty Re: Црни дупки

    Пишување  Geograf Нед Апр 25, 2010 12:54 pm

    Бранислав, во врска со црните дупки, тие претставуваат еден регион поточно ѕвезда чија маса е многу сконцентрирана во нејзината внатрешност, што нема начин да се избегне гравитационата сила што ја поседува. Каде што постои маса, постои и гравитација, макар мала. Гравитацијата е универзална сила, но најмногу доаѓа до израз кај црните дупки. Исто така се претпоставува дека црните дупки се постари од галаксиите, затоа што со создавањето на црните дупки се резултирало и со натамошното создавање и на самите галаксиите.
    avatar
    branislav


    Број на мислења : 20
    Registration date : 2010-04-23

    Црни дупки Empty Re: Црни дупки

    Пишување  branislav Нед Апр 25, 2010 4:07 pm

    B Geograf напиша:Бранислав, во врска со црните дупки, тие претставуваат еден регион поточно ѕвезда чија маса е многу сконцентрирана во нејзината внатрешност, што нема начин да се избегне гравитационата сила што ја поседува. Каде што постои маса, постои и гравитација, макар мала. Гравитацијата е универзална сила, но најмногу доаѓа до израз кај црните дупки. Исто така се претпоставува дека црните дупки се постари од галаксиите, затоа што со создавањето на црните дупки се резултирало и со натамошното создавање и на самите галаксиите.
    Па според Алберт Анстајн се мисли дека силата на тежата на некој објект ке доведе до кривење на вселсенскиот простор на пр човекот може да искриви лим.Колку е погуст објектот толку е погуста дупката нашето Сонце би направило мала дупка за разлика од неутронска ѕвезда која би направила многу поголема дупка.Така црната дупка најгустиот објект што постои создава толку длабока дупка што неможе да избега ништо дури и светлината.
    Feanor
    Feanor


    Број на мислења : 219
    Age : 37
    Местолокација : У дадену Епсилон околину
    Registration date : 2009-02-05

    Црни дупки Empty Re: Црни дупки

    Пишување  Feanor Пон Апр 26, 2010 12:24 am

    Па, црните дупки не се ѕвезди, тоа се региони во вселената од кои не може да избега ништо. Всучност, се работи за многу збиена маса на едно место, или во една точка, а многу маса = многу гравитација.

    Има една шала за ЦД, дека тие се всушност се места кај господ дели со нула Smile) Малку понаучно, делење со нула во математиката е вон правилата, односно нема правила за тоа што ќе се случи ако поделиш со нула, или не е дефинирано, со други зборови. Недефинираното во математиката се нарекува сингуларитет.

    Генералната теорија на Ајнштајн за релативноста, која е на сила денеска, не може да ги дефинира црните дупки, а самиот Ајнштајн долго време не ни верувал во нивното постоење. Така гледано, ЦД се сингуларности во физиката.

    Појавувањето на сингуларности во било која теорија е знак дека таа не е доволно опширна за да ги објасни сите појави, и затоа се разгледуваат други (како мојата омилена, теорија на жици или string theory) кои ќе ја надополнат ТР на Ајнштајн.

    Sponsored content


    Црни дупки Empty Re: Црни дупки

    Пишување  Sponsored content


      Сега е точно Чет Дек 12, 2024 11:05 pm