Зодијак
Зодијак
Aleksandar- Број на мислења : 36
Age : 31
Местолокација : Зависи кд куде:D
Registration date : 2009-03-01
- Post n°1
Зодијак
Aleksandar- Број на мислења : 36
Age : 31
Местолокација : Зависи кд куде:D
Registration date : 2009-03-01
- Post n°2
Re: Зодијак
забрави да напишу што е финта овдека...значи туј мозете да најдете линкови за историја на астрологија а и неколко постови ако имате нешто повише пишите
Aleksandar- Број на мислења : 36
Age : 31
Местолокација : Зависи кд куде:D
Registration date : 2009-03-01
- Post n°3
Re: Зодијак
Историјата на астрологијата опфаќа голем дел од историјата воопшто. Верувањето во поврзаноста меѓу небото и настаните на Земјата е дел од многу култури. Сè до 17 век астрономијата и астрологијата биле тесно поврзани. Астрономијата е сфаќана повеќе математички, а астрологијата како нејзин философски аспект. Но, генерално, оние што ја практикувале една, ја познавале и другата наука. Исто така, историјата на астрологијата е тесно поврзана и со историјата на религијата.
Не може да се посочи прецизен датум за почеток на астрологијата, но денес се знае мегалитните монументи (како Стоунхенџ, на пример) упатуваат на астрономски односно астролошки ритуали. Може да претпоставиме дека раните астролошки опсервации ги правеле луѓе на кои им било важно да ги планираат своите животи, и кои сметале дека е потребно да знаат кога ќе се случи наредниот солстициум, рамноденица или полна месечина.
За нашите претци било императив да се знае кога ќе се случи суша, поплава, студ, жештини, за да можат да ги планираат жетвите и миграциите. Во древен Египет, каде никогаш не се развила посебна астрологија, сепак има докази за запишување на фазите на Месечината.
Месопотамија, земјата на долината Тигар-Еуфрат, денешен Ирак, долго е сметана од историчарите за „колевка“ на цивилизацијата. Најраниот познат астролошки текст што го имаме денес е од околу 1600 г. п.н.е. Текстот е наречен „Венеријански таблици на Амисадука“ (Venus Tablet of Amisaduqa), напишан за време на владеењето на кралот Амисадука на Вавилон, меѓу 1646 и 1626 година п.н.е. Во овие таблици, Венера ги добива атрибутите на традиционално добар предзнак. „Венеријанските таблици“ се дел од серијата таблици на предзнаци познати како „Енума Ану Енлил“ (во превод “Кога боговите Ану и Енлил...“) што се зачувани во билбиотеката на асирскиот крал Асурбанипал (669-626 п.н.е.).[1]
Библиотеката на Асурбанипал го содржи и првиот познат ѕвезден каталог „Мул Апин“ (околу 687 г. п.н.е.), запис на вавилонските обиди да се нацрта небото.[2]
Огромно напредување се случува во астрологијата во 432 г.п.н.е. со првата употреба на зодијачките знаци, и првиот индивидуален хороскоп од 409 г.п.н.е.[3] Важно е да се напомене дека поради збунувачките историски докази, не сите историчари се согласуваат со овие прецизни датуми. После инвазијата на Александар Македонски (331 п.н.е.), разликата меѓу хеленската и месопотамската култура станува нејасна. Една од последиците на овие нејасности е што не може секогаш со сигурност да се каже кои напредоци се на Грците, а кои на Вавилонците.
Од Вавилон, астрологијата е пренесена во античка Грција. Како оснивач на грчката астрономија обично се смета Талес (624 п.н.е.), а Анаксименес (околу 550 г.п.н.е.) се смета за важна фигура во развојот на астрономијата, иако малку се знае за неговата работа. Нему му се припишува познатата максима: „Како горе, така и долу“.
Најпознатата приказна што се однесвуа на астролозите од тоа време доаѓа до нас во вид на легенда за раѓањето на Александар Македонски, во 357 г. п.н.е. Како што запишал астрологот од 18 век, Ебенезер Сибли, астрологот Нектанебус бил присутен на чинот на раѓањето на Александар, и ја преколнувал мајка му да не го раѓа бебето додека тој не каже дека може. Нектанебус астролошки пресметал дека ако бебето се роди во одреден момент - ќе биде крал на светот, а како што знаеме, неговото залагање било успешно. Исто така се вели дека смртта на Александар била предвидена од астролозите во Вавилон.
Првиот латински писател што ја спомнува астрологијата е Ениус (239-169 п.н.е.), а неговиот став бил скептичен. Големиот оратор, Като, во 149 г. п.н.е. јавно предупредувал против консултирањето на „халдејците“, кои ги нарекол „опасно странско влијание“.
Сепак, астрологијата била прифатена од водечките фигури во Рим. Марк Антонио и Октавијан имале свои астролози. Наредните императори ја отстранувале астрологијата до тој степен, што понекогаш ги убивале астролозите ако им даделе астролошки совет.

- Post n°4
Re: Зодијак
Индиската астрологија позната како Џотиш (jyoti-светло и ishvara-управител бог) или во превод наука за светлоста божја. Хороскопотот што се употребува е сидерален и е различен од општо прифатениот западен хороскоп. Разликата се состои во почетната астрономска точка т.н. aries ingres или почетната точка на хороскопот, којашто астрономски се поистоветува со сидералниот помин на сонцето на 0 степени во Овен, а којашто приближно се случува на 14 април секоја година (корекција - Лахириева прецесија). Еден од најистакнатите преставници и пионер на индиската астрологија во Македонија е Симеон Атанасоски.
Исламска астрологија
Исламската астрологија, на арапски илм-ал-нујум или илм-ал-фалак, се однесува на проучувањето на ѕвездите од страна на првите муслимани. На почеток астрологијата и астрономијата биле тесно поврзани, но подоцна се прави разлика меѓу овие две науки. Најраната семантичка дистинкција меѓу астрономијата и астрологијата ја дал персискиот астроном и астролог Абу Рајан ал-Бируни околу 1000 година.
Постојат три големи периоди во исламската астрологија: првиот во 8 и 9 век во Багдад, Каиро и Дамаск, вториот во Шпанија од 10 до 12 век, и третиот во Персија во 13 и 14 век.
Арапите направиле неколку многу важни унапредувања во астрономијата и астрологијата. Во астрологијата вовеле нови и комплицирани техники, а во астрономијата се обидувале да го подобрат системот на Птоломеј. Се знае дека калифите им подарувале на астрономите опсерватории.
Во 10 век муслиманската култура цветала во Шпанија под влијание на Маварите, Евреите и христијаните. Биле поставени опсерватории во Толедо, Севиља и Кордоба, а астрономијата, астрологијата и математиката биле под патронство на просветените владетели. Во ова време астрологијата заживеала и во Франција и Германија, така што шпанската цивилизација обезбедила перфектени извори од арпаски текстови за европските научници. Взаемното дејство меѓу христијаните и муслиманите довело до унапредување на астрологијата.
Најголемите имиња во Шпанија биле Авероес (1126-1198 г.) и неговиот современик Евреинот Маимонедес (1135-1204 г.). Авероес ја решил контрадикцијата меѓу потребата од перфектни кругови и фактот дека планетите не се движат во кругови. Тој докажал дека не е важно дали птоломејскиот универзум е реален или не, туку дека е важно неговото симболично значење и неговата употреба од страна на философите и астролозите како клуч за разбирање на универзумот.[2]
Алфонсо X од Кастиља (1252-1284 г.) порачал да се изработат т.н. „Алфонсови табели“, кои што биле стандардни европски астрономски табели, сè до преработката од страна на Коперник во 16 век.
Меѓу народот било раширено верувањето дека сонцето и месечината се затемнуваат кога умираат великани. Се случило така што кога синот на Мухамед, Ибраим, умрел, имало затенување на сонцето. За да го отстрани суеверието кај народот, Мухамед одржал говор во кој изјавил: „Сонцето и месечината се знаци на Алах; не се помрачуваат поради нечие раѓање или смрт.“
Со тоа Мухамед ја негирал поврзаноста меѓу движењата на планетите и настаните на Земјата. Забележано е и дека Мухамед изјавил: „Оној кој има знаење од астрологија, всушност ја познава магијата.“[4] Бидејќи магијата била забранета, оној што ја знаел астрологијата се сметал за грешен.[5]
Како и сите религии, така и исламот забранувал посетување на гатачи, и се сметале за грешни оние кои сакале да ја дознаат својата иднина. Нивните молитви нема да бидат прифатени наредните 40 дена. Меѓу гатачките вештини била сместена и астрологијата.