Кумановски астрономски клуб Кокино

Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

    Спитцер го искажува своето мислење

    Martin
    Martin


    Број на мислења : 301
    Age : 36
    Местолокација : Catwalk Galaxy
    Registration date : 2009-02-05

    Спитцер го искажува своето мислење Empty Спитцер го искажува своето мислење

    Пишување  Martin Саб Мај 09, 2009 12:34 am

    Вселенскиот телескоп Спитцер е при крај со своето ладење. Околу 12 Мај, телескопот ќе ja искористи и последната капка од своето гориво кое му помага во ладењето на неговите инструменти само неколку степени над нулата. Сите знаеја дека ова ќе се случи! Како и да е, иако горивото ќе се потроши, Спитцер ќе остане ладен за да уште го истражува Универзумот со неговите инфрацрвени детектори за најмалку уште неколку години. Jet Propulsion Laboratory ја споделија оваа информација на еден многу креативен начин досега направен од некој НАСА центар, воедно правејќи интервју со телескопот. Да точно прочитавте, телескопот! Не вработените, ниту задолжените шефови на мисијата, туку самиот телескоп.

    Спитцер го искажува своето мислење Spitzerintervju.th

    Леталото кое се наоѓа во орбита околу нашето Сонце на повеќе од 100 милиони километри далечина (62 милиони милји) позади Земјата, ќе му се затоплат инструментите од -271 Степени Целзиусови на -242 Степени Целзиусови.

    Ако Спитцер можеше да зборува, еве што би изјавил:

    Интервјуистот: Студено ти е тука.

    Спитцер: Извини. Иако се стоплувам, уште ми е потребно да сум ладничок за да можат моите два инфрацрвени канала да функционираат.

    Интервјуистот: Зошто инфрацрвените телескопи треба да бидат ладни?

    Спитцер: Добро прашање. Инфрацрвената светлина е создадена од топлината. Па, инжинерите ја намалуваат мојата топлина за да бидат сигурни дека тоа што го мерам е само инфрацрвената светлина од објектите кои ги проучувам. Ова е истата причина зошто кружам околу Сонцето, многу позади Земјата, и зошто имам големи сончеви штитови - за да бидам ладен.

    Интервјуистот: Кажи ми, Спитцер, според тебе што го сметаш за најголемото достигнување?

    Спитцер: Па веројатно мојата работа на егзопланетите. Тоа се планети кои орбитираат околу други Сонца. Несакам да се фалам, но јас бев првиот телескоп кој виде светлина на егзопланета. Јас бев исто така првиот кој ја подели таа светлина на спектар. Ох извинете, ете јас пак со моите стручни поими. Ајде да појаснам малце: Светлината е составена од различни бранови должини на ист начин како и виножитото што е составено од различни бои. Јас бев во можност да ја одделам светлината на егзопланетата на различни инфрацрвени бранови должини. Спектралната информација не учи за атмосферата на егзопланетите...

    Повеќе за интервјуто на Спитцер на нашиот Сајт ТУКА!

      Сега е точно Пет Апр 26, 2024 3:58 pm