Кумановски астрономски клуб Кокино

Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

3 posters

    пази сателит!!!

    Smajli
    Smajli


    Број на мислења : 63
    Age : 34
    Местолокација : дома :)
    Registration date : 2009-02-07

    пази сателит!!! Empty пази сателит!!!

    Пишување  Smajli Пет Фед 13, 2009 9:54 pm

    Се судрија 2 сателити во Земјина орбита
    13.02.2009

    Да, да убаво прочитавте во насловот. Изгледа во иднина ќе треба да се објавуваат конкурси за вселенски полицајци, зошто и раскрсниците во Вселената веќе не се безбедни места. Доцна вечерта во вторникот на висина од 776 километри над површината на Земјата дојде до судар на 2 телекомуникациски сателити. Сателитите се Kosmos 2251, руски комуникациски сателит, кој не работи веќе една деценија и сателитот Иридиум 33, дел од големиот број на Иридиум комуникациски сателити во орбита околу Земјата.

    пази сателит!!! Iridium-satelit
    Изгледот на Иридиум сателитите.

    Двата сателити повеќе или помалку беа во поларни орбити. Едниот имаше инклинација од 86 степени во однос на Екваторот, со други зборови поминувал на 4 степени од патеката која што води директно над Земјините полови. Другиот имаше инклинација од 74 степени во однос на Екваторот. Како резултат на овој судир кој се случи над Сибир, сега во орбита наместо 2 тела имаме повеќе од 600 поголеми или помали делови кои неконтролирано се вртат околу Земјата и претставуваат опасност по другите сателити кои се наоѓаат таму.

    Во орбита околу Земјата секојдневно се пратат преку 18 000 објекти поголеми од 8 сантиметри во дијаметар кои биле исфрлени од сателити, заборавени делови при некоја вселенска прошетка, или пак остатоци од ракети при одвојувањето на нивните степени. Сега ова „вселенско ѓубре“ се зголеми за повеќе од 600 делови од катастрофалниот судир на овие 2 сателити. Замислете си што може да се случи доколку некој дел од ова вселенско ѓубре кое се движи 9 пати побрзо од куршум испукан од пушка може да направи на некој сателит или пак уште пострашно на Меѓународната вселенска станица и луѓето кои се наоѓаат внатре доколку дојде до судир. Сите знаеме колкава штета прави еден куршум од 10 грама кој се движи со брзина од 1 км/сек. Е сега замислете си ја штетата од еден отпадок од сателит кој има маса од 1 кг (100 пати повеќе од еден куршум) и се движи 9 пати побрзо, тоа е енергија повеќе од 8000 пати од таа на еден куршум. Што само можат да направат 8000 куршуми испукани кон еден објект?!

    Вселенскиот отпад кој моментално се прати од Земјата. Со црвено се означени остатоците од судирот на двата сателити, а со зелено отпадот кој претходно се наоѓал во орбита околу Земјата.

    пази сателит!!! Vselenski-otpad-od-sateliti

    Рускиот Космос имал тежина од околу 950 кг, додека Иридиум сателитот околу 700 кг, па според брзината со која се движат сателитите на таа височина од околу 9 км/сек и аголот на удар од 100 степени, во мементот на ударот се испуштила енергија како 7 тони на ТНТ. Русите засега го немаат искоментирано настанот, а за разлика од нив компанијата Iridium Satellite LLC ја потврди загубата на еден од своите оперативни сателити, додавајќи дека дека тоа нема да се одрази на нивните телекомуникациски услуги затоа што во орбита имаат уште 66 оперативни сателити.
    од http://astronomija.com.mk
    avatar
    Nikola_S


    Број на мислења : 184
    Age : 34
    Местолокација : Измеѓу Хипокампус и Неокотрекс
    Registration date : 2009-02-05

    пази сателит!!! Empty Re: пази сателит!!!

    Пишување  Nikola_S Пет Фед 13, 2009 11:30 pm

    Хахахахахах Пази Сателит lol! Laughing Smile Very Happy
    Feanor
    Feanor


    Број на мислења : 219
    Age : 36
    Местолокација : У дадену Епсилон околину
    Registration date : 2009-02-05

    пази сателит!!! Empty Re: пази сателит!!!

    Пишување  Feanor Пет Фед 20, 2009 11:10 pm

    Инаку овој судир излезе по проблематичен одколку што се мислеше... Излезе дека мисјата за сервисирање на Хабл, а со тоа и неговиот век на траење, е загрозена заради овој инцидент!

    Повеќе тука.

    Sponsored content


    пази сателит!!! Empty Re: пази сателит!!!

    Пишување  Sponsored content


      Сега е точно Сре Мај 08, 2024 3:12 pm