Според најновото истражување спроведено од страна на шкотски научници, интелегентни вонземски цивилизации постојат, а бројот се мери со илјадници, пренесува BBC.

Во последните неколку години надвор од нашиот сончев систем биле откриени повеќе од 330 планети, а тоа помогнало да се одреди точниот број на можни облици на живот. Моменстално според истражувањето се проценува дека во нашата галаксија се наоѓаат најмалку 361 интелегентни цивилизации, а тој број може да се искачи и до 38 илјади. Но и покрај толку голем број, шансите да се воспостави контакт се неизвесни.
И додека истражувачите често излегуваат со големи проценки, целиот процес е обележан како погодување. Последните претпоставки за бројот на вонземски цивилизации е помеѓу 1000 и 1.
'Тоа е процес на одредување покрај нашето незнаење', вели научникикот Дункан Форган, истражувач од факултетот во Единбург, кој воедно е главен на овој проект. Во својот пристап, Форган симулирал галаксија слична на нашата, дозволувајќи да се формираат сончеви системи базирани на оние кои се нарекуваат постојани, таканаречени екстрасолани планети во соседството на нашата галаксија. Тие симулирани вонземски светови биле цел на различни сценарија.
Со првото сценарио било предвидено дека животот настанал многу тешко, но полека се развивал, и врз тоа било сугерирано дека сега во нашата галаксија има 361 развиени вонземски интелегенции.
Другото сценарио на предвидување било дека животот настанал многу лесно, но патот до интелегенција бил многу тежок. Под тие услови проценето било дека моментално во оваа галаксија постојат 31.513 цивилизации.
Конечното сценарио на истражување било испитување на можноста дека животот се транспортирал од една на друга планета за време на астероидски дожд - што всушност е популарна теорија за настанокот на живот на нашата планета. За овој пристап било проценето дека сега во нашата галаксија постојат 37.964 вонземски интелегенции.
'Важно е да се свати дека сликата која е моментално создадена не е целосна', напомнал Форган. Дури и доколку постојат вонземски цивилизации, не е нужно дека со нив ќе може да воспоставиме контакт, бидејќи немаме идеа какви облици на живот имаат тие. Животот на другите планети веројатни варира од обликот на живот каков што имаме на Земјата, поради што моментално не можеме да дознаеме како тие цивилизации изгледаат ниту како се однесуваат.
Коментар???